Која (барем) една вештина ќе ја научите во 2021?
Ана Умерова, Експерт за Човечки Ресурси
Home » Ана Умерова

Патувајте со Ана во светот на A1 Future Hub

Како да се подготвиме за (непредвидливата) иднина?

2020-та година не научи дека светот може да се промени преку ноќ, без најава. Иако таа беше многу тешка за сите нас исполнета со многу турбуленции, неизвесности и предизвици, сепак не научи дека искуствата кои се најтешки за нас всушност најчесто ни ги даваат и најголемите можности за подобрување, раст и развој. Еден од моите најомилени цитати е, „Најдобар начин да ја предвидите иднината е да ја создадете“.

Тие што ме познаваат би рекле дека учењето и развојот се моја лична пасија бидејќи само така подготвени би ја пречекале непредвидливата иднина. Учењето и читањето се мои верни другари од најмали нозе и љубопитноста во различни области ме поттикнува постојано да учам нови нешта и на тој начин да го предизвикувам status-quo-то во средината каде работам и живеам. Затоа пресреќна бев кога станав дел од еден мал но амбициозен тим од A1 Македонија и Хрватска, кој имаше една голема цел – да го овозможи и забрза потребното знаење за иднината на сите наши 3.000 колеги во А1.

Како ќе го постигнеме ова?

Работевме напорно за да создадеме интегрирана програма која ќе одговори на потребите и предизвиците на новото време, на забрзаната дигитализација, како и на нашата бизнис стратегија, кои наметнуваат нови вештини и компетнции кои треба да ги совладаме за да останеме конкурентни на работните места.

Ги идентификувавме главните области кои треба да се во главен фокус на нашиот личен развој, а тоа се: 5G, Data Analytics & AI, Process Automation, Digital & Growth Marketing и Agile organization. Покрај овие теми, во наредниот период ќе се фокусираме и на развојот на лидерските вештини потребни за иднината и на основните стручни знаења на нашите колеги.

Засилување на култура за учење не е нешто ново во нашата компанија. Претходната година преку 50k Learning Challenge-от го поттикнваме проактивниот пристап кон учењето на нови вештини, со посебен фокус на дигиталните вештни и заедно остваривме одлични резултати.

Сега одиме чекор напред, но одговорноста за личниот развој е кај секој вработен, кај секој од нас.

Што е А1 Future Hub?

Го воведовме A1 Future Hub, нова, уникатна програма за развој, дизајнирана да го поддржи професионалниот и личен развој на секој вработен во А1 на сите нивоа преку формални обуки. Акцентот е ставен на три клучни области за развој:

-Future leaders program овозможува подобрување на менаџерските вештини за иднината преку две програми – New managers и Leaders for the Future.
– Future and Digital Skills program нуди можност за подготовка за нови начини на работа и усвојување на знаење за нови технологии со избор помеѓу три програми: Talent for the Future, Learn Digital Skills и Agile Organization.
– Expert Essentials program дава можност за стекнување на клучни експертски знаења и „меки“ вештини специфични за одредени функции и сектори.


Но развојот не завршува со програмата, напротив обуките во програмата се само почеток. Редовното истражување на можности за примена и употреба на стекнатите вештини во пракса се неопходен услов за да бидеме подобри и да напредуваме. Учењето е успешно само кога практично ќе се искористи во секојдневната работа.

Која (барем) една вештина ќе ја научите во 2021? 🙂
Make it Happen!

#Makeithappen!

Придружи се на А1 тимот.

Пребарај позиции