Home » Стефан Неделковски


Моите почетоци во А1 Македонија…

Моите почетоци во А1 Македонија ги паметам по топлиот пречек. Се сеќавам дека уште од првиот ден се сретнав со нови теми на кои имав многу прашања.
Моите колеги од одделот беа тука да ми помогнат и објаснат, како и да ме упатат во правилната насока. Во текот на мојот развој и проучување на податоците, стигнав до многу идеи за реализација и предизвици во кои асистирав и кои ми помогнаа да научам нови вештини.

Јас пред практиканството во А1 Македонија и Јас потоа…

Пред да бидам практикант во А1 Македонија имав вештини за кои не гледав практична примена. Сега, кога се ближи крајот на моето практикантство, а почеток на работен ангажман – гледајќи наназад, знам дека во овој период стекнав огромно знаење и искуство на поле на телекомуникации, нови контакти со кои имав прилика да разменувам идеи, научив како да ги применам моите вештини, а стекнав и бројни нови благодарение на работа на вистински проекти, добив дури и прилика да изучувам нова тематики од љубопитност.

Среќен сум на своето работно место кога…

Среќен сум на своето работно место кога исполнувам цели. Среќен сум што ги имам сите услови потребни за да стигнам до финализација на моите проекти. За прв пат, своите проекти ги доживувам како релевантни и инфлуентни, а со тоа и почнав да ја сметам мојата вештина како значајна. Сето тоа ме мотивира да размислувам на проширување на сетот на знаење, да размислувам за уште повлијателни проекти, знаејќи дека ја имам целосната поддршка и напредна технологија за работа.

Порака до сите оние кои сакаат да бидат дел од А1 Приказната…

Доколку ги имате основните вештини и знаења не пропуштајте да бидете дел од еден тим во кој има безброј можности, тим кој нуди флексибилност и простор за креативност, поддршка и мотивација, во кој секогаш има на кого да се обратите. Покрај работата, секогаш има простор за дружење, слобода на говор и не е запоставено мислењето на поединецот. Во моите очи, А1 е едно убаво искуство кое има големо значење за мене, како и за мојата иднина.

#Makeithappen!

Придружи се на А1 тимот.

Пребарај позиции