Home » Мојот прв месец во А1

Мојот прв месец во А1


Во А1 Македонија најважни се луѓето, особено нивните први впечатоци како дел од нашето семејство. Затоа, сакавме да слушнеме од нашите нови колеги, како им помина првиот месец на работа, а воедно и како се вклопија во нивните тимови. Симон, Елинда и Душко со огромно задоволство ни ги споделија нивните искуства и заедно ни ја доближија културата и тимскиот дух којшто владее во нашата компанија.

Симон Пирковски

Твојот прв ден во А1 Македонија…

Мојот прв ден во А1 беше пријатно изненадувачки во поглед на работната околина/атмосфера во капитол мол, бидејќи салон од ваков тип е нешто сосем ново и различно кај нас.

Што ти остави најголем впечаток во првите неколку дена?

Најголем впечаток ми остави начинот на работа на овој тим, нивната соработка, поддршка и како ме прифатија за толку краток период.

Веќе еден месец си дел од А1. Колку брзо се вклопи со тимот, работните задачи, начинот на работа и корпорациската култура?

Благодарение на колегијалноста, се вклопувам и учам брзо, ми делува и мотивационо за со мојот труд да ги изршувам точно и навремено своите работни обврски.

Елинда Стојанова Милошеска

Твојот прв ден во А1 Македонија…

На мојот прв ден се изгубив по скали, на 7от веќе се заглавив во лифт со службена кола Alice in wonderland…

Што ти остави најголем впечаток во првите неколку дена?

Комфорот кој вработените си го имаат креирано и леснотијата со која ги завршуваат работните задачи.

Веќе еден месец си дел од А1. Колку брзо се вклопи со тимот, работните задачи, начинот на работа и корпорациската култура?

Се осеќам како да сум тука многу подолго. Тимот си ја знае работата и Андреа знае како да пренесе знаење <3

Душко Петровски

Твојот прв ден во А1 Македонија…

Првиот ден во А1 ми помина многу брзо, или „како сон“, се запознав со голем дел од колегите, и можам да кажам дека бев одлично пречекан од страна на сите во околината.

Што ти остави најголем впечаток во првите неколку дена?

Дефинитивно кохезијата на тимот – тополото добредојде, и „busy bee“ околината. Онбоардинг-от беше детално планиран, и за сите поставени прашања добив одговор.

Веќе еден месец си дел од А1. Колку брзо се вклопи со тимот, работните задачи, начинот на работа и корпорациската култура?

Во тимот се вклопив веднаш после моето доаѓање. Првичните работни задачи беа одлично пренесени и објаснети, сето ова ми дозволи брзо да се прилагодам на начинот на работа, и самата корпорациска култура.

#Makeithappen!

Придружи се на А1 тимот.

Пребарај позиции