Home » Гласот на вработените

Гласот на вработените

Гласот на колегите е есенцијален во А1 Македонија. Токму затоа, на секои две години се спроведува A1 Voices, истражувањe коe има цел да ги истакнe нашите силни страни, но и да ги пронајдe оние области кои треба да се подобрат. Секако, со помош на сите вработени се дефинираат и конкретните понатамошни чекори и се прави план како да се имплементираат потребните промени. Истражувањето е потполно доверливо и го спроведува независна компанија, за да се обезбеди објективност во текот на целиот процес. Транспарентноста е клучна во поглед на ова истражување и резултатите се споделуваат со сите колеги.

Како го спроведуваме истражувањето?

Во текот на есента, се спроведува прашалник до сите колеги на групациско ниво и се собираат сите релевантни информации. На основа на резултатите, сите менаџери имаат задача да ги обзнаат и анализираат овие податоци со своите тимови. Врз основа на резултатите и разговорите со менаџерите, заедно со сите членови на тимот треба да предложат мерки за подобрување кои ќе произлезат од секој оддел засебно. Предложените мерки се собираат и понатаму секој менаџер го дефинира начинот и динамиката на имплементација на мерките со својот тим.

Зошто е ова важно?

Задоволството на вработените е круцијално за бизнисот. Во А1 Македонија целиме кон тоа да станеме #FutureProof компанија и затоа ставаме акцент на идентификација и имплементација на потребните чекори за раст и развој на индивидуално, тимско и организациско ниво. Ги користиме податоците, за да добиеме појасна слика за тоа каде сме се подобриле, кои се новите прашања што се отвараат и каде постои простор за нови идеи. Освен тоа, дознаваме каде постои потреба за помали, но и поголеми промени. Сакаме заедно да го употребиме нашиот колективен потенцијал и да дојдеме до следниот чекор во поглед на одржлива, прогресивна и, најважно, пријатна работна средина.

#Makeithappen!

Придружи се на А1 тимот.

Пребарај позиции