Home » Kултурата на диверзитет, еднаквост и инклузивност во процесот на регрутација и вработување во А1 Македонија

Kултурата на диверзитет, еднаквост и инклузивност во процесот на регрутација и вработување во А1 Македонија

Разликите се нашата предност и горди сме на тоа што А1 Македонија е компанија која охрабрува различни искуства, образование, етничка и религиозна припадност, возраст, пол, сексуална ориентација, физички изглед итн. Негуваме култура која почитува луѓе кои припаѓаат на разни општествени, идеолошки и културолошки ориентации, уникатни потреби и перспективи, како и потенцијал да сите колеги бидат прашани, ценети, почитувани, фер третирани и инкорпорирани во средина и култура во кои доминира полова еднаквост.

Од клучно значење е да се има тим на вработени во кој постои голем диверзитет. Тоа значи и побудување интерес за вработување во компанијата на кандидати од различни средини. Една од најактуелните теми во поглед на регрутацијата е тоа како процесот да биде целосно објективен и непристрастен и во исто време да обезбедува диверзитет, еднаквост и инклузија во рамки на компанијата.

Како го правиме ова?

Пред да воведеме какви било промени, направивме детална анализа на веќепостоечките практики и истовремено го зголемивме нивото на свесност и информираност на сите наши колеги за поуспешно управување на процесите. Ги увидовме сите потенцијали за развој и прогрес на оваа тема, обезбедивме обука за сите форми на пристрасност, како и стратегии за имплементирање на посакуваните промени.

Овие практики подразбираат пишување и објава на инклузивни описи на работно место, присутност на различни канали со цел да допреме до разновидни профили на кандидати, инклузивен пристап при спроведување на интервјуата, објективна поддршка на процесот преку невербални тестови од надворешен соработник и прилагодување кон потребите на кандидатите во однос на начин на одржување на разговорите.

Секако, фокусот го ставаме и на обезбедување на максимална транспарентност и отворена комуникација кон нашите кандидати. Навремено ги споделуваме сите информации поврзани со интересот и статусот на нивната апликација, кандидатите по самото аплицирање веднаш добиваат автоматска порака со податоци од регрутерите кои се секогаш достапни за поддршка на процесот, на нашата кариерна страница детално се опишани чекорите кои се дел од процесот на регрутација и вработување и нашата визија како Equal Opportunity Employer, однапред споделуваме релевантни податоци за тимот на регрутација пред секое интервју, прибавуваме значајни информации преку фидбек прашалник за искуството на самите кандидати и нивните впечатоци за целокупниот процес (end-to-end) и компанијата.

Сѐ уште постојат процеси во кои гледаме голем потенцијал за имплементирање на напредни практики од оваа област, имаме желба и амбиција да бидеме иноватори на промени и да бидеме инспирирани од тоа дека А1 Македонија како работодавач постојано охрабрува и создава различни А1 приказни.

#Makeithappen!

Придружи се на А1 тимот.

Пребарај позиции