Home » Вештини на иднината

Вештини на иднината во А1

Колегите и нивниот непрекинат раст и развој се еден од главните приоритети на А1 Македонија. Заедно учиме, се надоградуваме и се стекнуваме со нови вештини, а во исто време сме во тек со промените и трендовите коишто пазарот ги наметнува. Свесни сме дека дигиталните вештини се есенцијални за да бидеме успешни во нашето работење во оваа нова агилна средина.

Вештини на иднината како дел од A1 Future Hub

Соочени со овој нов предизвик, креиравме модул кој е дел од А1 Future Hub и е составен од три развојни области: Таленти за иднината, Агилна организација и Учење на дигитални вештини. Обуките се достапни за сите наши колеги и тие ја имаат можноста да ја изберат темата којашто најмногу одговара на нивните потреби и развојни цели и најдобро се вклопува во нивната кариерна патека.

„Таленти за иднината“ нуди содржини креирани за сите колеги коишто се посветени, имаат желба и аспирации да учат нови вештини, како и да ги унапредат своите постоечки способности и да станат Future-proof експерти. Можностите во рамки на оваа област се движат од дигитална писменост и подготовка на бизнис случаи до презентирање и ефективна комуникација.

Агилниот mindset е клучен за продуктивноста. Затоа, темите поврзани со Агилна организација се фокусираат на агилниот начин на работа, менаџирање на проект и design thinking. Тие се креирани за да им помогнат на сите оние колеги кои се дел од агилни проекти или во иднина би биле дел од агилен тим, а со тоа ќе придонесат во креирањето на нови продукти и иновации кои во кус рок ќе понудат вредност, како на нашите корисници, така и на колегите со кои секојдневно соработуваат.

Новите технологии носат огромни можности за подобрување на постоечките процеси, но и развивање на нови идеи и решенија. Сепак, пред да можеме да го трансформираме начинот на нашето работење, потребно е да ги идентификуваме оние области во коишто треба да се надоградиме и да работиме на развивање на овие нови дигитални вештини. Без разлика дали станува збор за автоматизација на процеси, дигитален маркетинг или пак дата анализа и вештачка интелигенција, секоја од овие мапи на учење ни помага да се стекнеме со потребните компетенции, да ги оствариме нашите цели и да останеме компетитивни во една Future-proof компанија.

#Makeithappen!

Придружи се на А1 тимот.

Пребарај позиции