Home » Мојот прв месец во А1

Мојот прв месец во А1

Горди сме кога нашите колеги сакаат да ги споделуваат своите први впечатоци во А1 Македонија. Овој месец, разговараме со нашата колешка Катерина Антевска, менаџер за продажба која ни ги раскажа своите први впечатоци за новото работно место.

Твојот прв ден во А1…

Возбудена бидејќи почнувам ново поглавје во професионална смисла и почнувам со работа која отсекогаш сум ја сакала, во која се пронаоѓам, која одговара на мојот карактер и темперамент. Иако се’ ми беше ново – колегите, просторот, работата, сепак немав сомнеж или колебање, веднаш се почуствував како дел од тимот. Сите колеги срдечно ме прифатија и веднаш знаев дека пред мене се уште поголеми успеси во А1.

Што ти остави најголем впечаток во првите неколку дена?

Најсилните впечатоци ми оставија работната атмосфера, организараноста на компанијата која мисли на сите потреби на колегите, и почитувањето на посебноста на секоја индивидуа.

Веќе еден месец си дел од А1. Колку брзо се вклопи со тимот, работните задачи, начинот на работа и корпорациската култура? 

Можам да кажам дека одлично се вклопив во А1 тимот. Колегите се тука да ми објаснат се’ што е потребно, веќе активно учествувам и на состаноци и едвај чекам да го заокружам процесот на обука за и јас самостојно да ги извршувам обврските и со задоволство да донесам нови корисници во А1. Обуките се одлично конципирани и овозможуваат брзо да се совлада проблематиката.
 
 

#Makeithappen!

Придружи се на А1 тимот.

Пребарај позиции